Handan Kazancı
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Од дипломатски извори денес се дознава дека новиот турски амбасадор во Израел официјално ќе започне со работа на 12 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кемал Окем (поранешен главен советник за надворешна политика на премиерот Бинали Јилдирим), ќе ја преземе должноста откако ќе му ги предаде акредитивните писма на израелскиот претседател Рувен Ривлин“, вели официјално лице под услов на анонимност.
Новиот амбасадор на Израел во Турција, Ејтан На'ех, вчера пристигна во Анкара.
Според Министерството за надворешни работи, пред да почне да работи за Јилдирим, Окем бил советник на поранешниот премиер, Ахмет Давутоглу. Тој работел во Директоратот на Министерството за надворешни работи на Блискиот Исток, а претходно бил испратен во турските амбасади во Лондон и во Ријад.
Тој исто така работел и како постојан претставник на НАТО.
Турција и Израел ги обновија врските во јуни, шест години по нападот на Израел врз хуманитарниот брод „Мави Мармара“ во мај 2010 година.