Ali Bayaslan
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската населба Бујукчекмеџе, за време на заварување на еден танкер за транспорт на гориво, се случила експлозија, од која едно лице загинало, а двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во индустриската зона Теџимен, во една работилница се случила експлозија додека се извршувало заварување на танкер кој се користел за транспорт на горива. Во експлозијата едно лице го загуби животот, додека двајца се повредени.
Повредените се пренесени на лекување во болница. Полициските и противпожарните екипи вршат истрага на местото на несреќата, недоволувајќи пристап кон местото на несреќата.