Orhan Onur Gemici
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили во рамки на операциите спроведени во северниот дел на Ирак запленија големо количество оружје и муниција на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Турските војници продолжуваат со операциите против терористите и терористичките цели во северниот дел на Ирак.
Се истакнува дека во упориштата, засолништата и пештерите од страна на командосите се откриени различни видови оружје и муниција на ПКК, како распарчена пушка од типот „M-16“, 7 рачни бомби, 250 килограми амониум нитрат, 51 парче муниција за ракетен фрлач „RPG-7“, 1.200 парчиња муниција и 4 шаржери за пушка од типот „AK-47“, 3 воки-токи, еден двоглед, голем број рачно изработени експлозивни направи, лекови и друго оружје и муниција, како и документи на оваа организација.