Seda Sevencan
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските сили неутрализираа 10 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шест од терористите се обиделе да изведат напад во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, а четворица други се подготвувале за напад врз подрачјето каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, соопшти турското Министерство за национална одбрана.
Од 2016 година Турција реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПК е сириски огранок на ПКК.