Muhammed Boztepe
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНКАРА (АА) – Во заедничка операција на Командата на турската жандармерија, полицијата и на Турската разузнавачка служба (МИТ), во Хакари е неутрализиран терористот Миктад Орде, со кодно име „Харун“, кој се наоѓа на сивата листа на терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во рамките на внатрешните безбедносни операции, синоќа во подрачјето на Јуксекова извршена е заедничка операција на екипите од жандармеријата, полицијата и МИТ.
Во операцијата неутрализиран е терористот Миктад Орде, со кодно име „Харун“, кој се наоѓа на сивата листа на терористи, за кого имаше распишано награда од 300.000 лири (околу 55.000 долари).
Во рамките на операцијата, исто така, фатен е и еден терорист кој му помагал на Миктад Орде.
Инаку, листата на барани лица е поделена во категории со пет бои според приоритет, црвената како категорија во која се вклучени најбараните лица, потоа сина, зелена, портокалова и сива.