Yeşim Sert Karaaslan
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца припадници на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат со одлучност.
„Преку воздушна операција неутрализирани се тројца терористи на ПКК, кои беа откриени во подрачјето на Хакурк во северниот дел на Ирак“, се наведува во соопштението.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.