Andaç Hongur
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека Ердоган и Путин разговарале за можностите за соработка во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), и чекорите што ќе се направат во периодот по пандемијата.
Исто така, се нагласува дека двајцата претседатели се осврнале и на регионалните прашања, пред сè на Сирија, и на билатералните односи.