Esin Işık
13 Август 2022•Ажурирај: 13 Август 2022
Турските сили неутрализираа 3 терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во соопштението се вели дека Турските вооружени сили ефективно и решително ја продолжуваат борбата против терористите.
Се наведува дека неутрализирани се 3 терористи на ПКК во зоната каде што успешно се реализира операцијата „Канџа-Катанец“ во северниот дел на Ирак.