Diyar Güldoğan
15 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздушни напади во северен Иран „неутрализираа” 45 терористи на ПКК, изјавија денес воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Пет авиони F-16 и два авиона од типот F-4 изведоа напади на позициите на ПКК во Кандил и Гара на 14-ти март, изјавија анонимни воени извори.
Во нападите се уништени засолништа, пештери и складишта со оружје.
Воздушните напади се резултат на нападот со автомобил-бомба во Анкара, во кој загинаа 37 лица.
Премиерот Ахмет Давутоглу изјави вчера дека „Нападот во Анкара е чекор против турските антитерористички операции против ПКК, ДХКП-Ц и ДАЕШ”.
Давутоглу изјави дека Турција спроведува операции против трите терористички групи од 23-ти јули минатата година.
Тој додаде дека постојат „речиси дефинитивни наоди” кои укажуваат за вмешаност на ПКК во нападот во Анкара, но рече дека истрата за тоа сè уште е во тек.
ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Својата 30-годишна вооружена кампања против Турција ја продолжи во јули. Оттогаш над 290 припадници на безбедносните сили ги изгубија своите животи а илјадници терористи се убиени.