Barış Gündoğan
01 Јануари 2022•Ажурирај: 02 Јануари 2022
Турските сили неутрализираа 4 терористи на терористичката организација ПКК во подрачјето на Кандил, што се наоѓа во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција преку соопштение објавено на социјалните мрежи.
Во соопштението се вели дека 4 терористи на ПКК се неутрализирани во Кандил преку воздушна операција.
Исто така се нагласува дека ефективно и со одлучност ќе продолжи борбата против тероризмот.