Mücahit Türetken
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Во операција извршена во турската област Истанбул се фатени 243 нерегуларни мигранти, од кои поголемиот дел со потекло од Бангладеш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Гувернерството на Истанбул, полициските тимови започнале операција откако добиле информација дека со камион се врши шверцување мигранти.
Полициските тимови го пронашле камионот на паркингот на еден трговски центар во населбата Бајрампаша во Истанбул.
Во рамки на операцијата, приведени се две лица, од кои еден е сопственикот и шофер на камионот, а другиот е лице за кое се тврди дека вршело шверц на мигранти.
Исто така, во операцијата фатени се 243 нерегуларни мигранти, од кои повеќето се со потекло од Бангладеш.
Се истакнува дека мигрантите се пренесени во Центарот за враќање мигранти за понатамошна постапка.