Almir Terzic
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - На македонско-грчката граница треба да се воведе дополнителна контрола врз протокот на миграцијата и да се ограничи нелегалната имиграција, а ЕУ треба во исто време на Македонија да и ја обезбеди потребната помош на граничната контрола, стои во иницијативата на претседателот на Владата на Словенија, Миро Церар до шефовите на ЕУ, јавува Anadolu Agency (АА).
Церар истакна дека сака европско решение, и се надева дека оваа иницијатива ќе ја доведе до позитивен одговор кај членовите и институциите на Унијата. Беше нагласено дека е време за заеднички европски решенија за управување на миграционите текови.
"Протокот на миграција сеуште е голем. Во Словенија влегуваат секој ден илјадници мигранти. На влезот во Европа во пролет се очекува да се интензивира доаѓањето на мигранти. Грција е еден од клучните играчи во управувањето со миграциските текови, и затоа мора да ги спроведеме сите договорени мерки за решавање на ситуацијата ", оцени словенечкиот премиер Миро Церар.
"Такво решение ќе им овозможи за прием на оние кои ги исполнуваат условите за влез во ЕУ, а на остатокот од мигрантите може да им се помогне да се сместат што е можно поблиску до нивните земји на потекло", рече словенечкиот премиер Церар.