Ekipa
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ИЗМИР/ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето Дикили, Измир, фатени се 119 мигранти од Сирија кои се обидувале по илегален пат да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на Крајбрежната стража добиле дојава за група која се подготвувала за илегален премин. При претресот запленета е голема количина елеци за спасување, гумен чамец и мотор.
Мигрантите се предадени на Дирекцијата за миграции во Измир.
Слична акција е организирана и во Чанаккале во која се фатени 24 мигранти со потекло од Авганистан, кои илегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Во морските води во подрачјето на Ајваџик, екипите на Крајбрежната стража забележале група со гумен чамец.
Странците се префрлени на брегот, а трудница и уште еден мигрант поради проблеми со срцето се пренесени во болница во Ајваџик.
На мигрантите им е укажана помош и во вид на облека, обувки, храна и прекривки.
По извршените процедури, мигрантите се предадени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.