Ekipa
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во турската област Чанаккале фатени се 77 мигранти во обид по илегален пат да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Крајбрежната стража на Ајваџик задолжени за спречување на миграциите, во морскиот простор на Бурунуџу забележале гумен чамец, по што е организирана акција.
Во акцијата фатени се 46 лица со потекло од Авганистан. Сирија, Мјанмар, Коморските Острови и од Ирак. Странците се префрлени во просториите на Крајбрежната стража во Кучуккују.
Исто така, жандармериските тимови во Кучуккују сопреле и претресле минибус во кој се наоѓале 31 бегалец од Сирија.
Странците потоа се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.