Ali Murat Alhas
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција го осуди Израел поради протерувањето на 70 Палестинци, вклучувајќи 35 деца, во селото Хумса ал Фавка на окупираниот Западен Брег, нарекувајќи го тоа уште за еден нечуен чин и кршење на меѓународното право, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека селото од ноември 2020 година неколку пати било на нишан на Израел, додека само на Западниот Брег во текот на 2021 година се срушени 421 зграда и раселени се 592 Палестинци.
Во соопштението понатаму се споменува дека израелските акции на терен се јасна демонстрација дека таа земја ги игнорира меѓународните повици да го запре рушењето и со еднострани мерки да ја претвори окупацијата во анексија.
„Турција ги осудува незаконските и нехумани дела на Израел“, се наведува во соопштението и се додава дека турската Влада ја повторува својата поддршка со судскиот процес што Израел го прави одговорен за злосторствата извршени на окупираните територии.