Mesut Varol,Sayim Harmancı
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ХАКЌАРИ (АА) Месут Варол / Сајим Харманчи
Подрачјето на пограничката турска област Хакќари, благодарение на успешната борба на безбедносните сили против тероризмот, по воспоставувањето мир и стабилност е домаќин на спортистите кои учествуваа на Турското рафтинг првенство, што прв пат се одржува на подрачјето на долината Зап, јавува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот, кој го организираше турското Министерство за млади и спорт и Турската рафтинг федерација, започна во Хакќари.
Околу 450 лица, вклучувајќи ги спортистите и тренерите од 40 области, учествуваа на првенството, што прв пат е одржано во долината Зап, сместена во подножјето на планината Сумбул, на надморска височина од 3.740 метри, а која е ослободена од терористите како резултат на успешните операции.
Стотиците спортисти, кои прв пат дојдоа на најоодалечениот запад на земјата, беа импресионирани со природата на овој крај.
Директорот за млади и спорт, Бахчесарај Афан Орхан, кој дојде од Ван, изјави дека на натпреварот учествувале со четири екипи.
Тој нагласи дека е важно да се разговара за Хакќари, кој и претходно секогаш беше во фокусот поради терористичките инциденти, но со вака убав настан.
„Турција направи прекрасна организација за рафтинг првенство. Сите потреби на спортистите што доаѓаат во градот се задоволени. Задоволство е да се учествува во оваа организација. Тоа ќе даде многу важен придонес на туризмот во регионот. Се надевам дека ќе одиме во западните области и ќе правиме кампови“, појасни Орхан.
Спортист на еден истанбулски клуб, Екин Чолук, изјави дека се восхитува на природата на градот.
„Ова место е чудо на природата. Има убавина каква што никогаш не сум видел во ниту еден град каде што сум бил. Природните патеки и водата се многу добри“, изјави Чолук.
Ѓулџан Чакар од Ширнак изјави дека е многу важно таквото натпреварување да се одржи во Хакќари.