Halil İbrahim Sincar
23 Јануари 2021•Ажурирај: 24 Јануари 2021
МАРДИН
Во руралното подрачје на турската област Мардин запленети се различни материјали, како храна и други материјали, како и кислородна боца која се користи во изработка на експлозиви од страна на припадниците на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на градската жандармериска команда реализираа операција во руралното подрачје на Мардин.
Во рамки на операцијата запленети се кислородна боца која се користи во изработка на рачни експлозиви од страна на терористите, батерии, термални чадори, храна како и други материјали.
Се истакнува дека овие материјали биле скриени под земја во 6 различни локации.