Dilara Hamit
20 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ИЗМИР (АА) - Турските обвинители издадоа налози за приведување на 88 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Канцеларијата на јавниот обвинител во Измир, меѓу осомничените кои се бараат со налози се 40 војници на должност, како и 21 поранешен војник кои се или во пензија или поднеле оставка.
Осомничените се бараат како дел од истрагата за тајната мрежа на ФЕТО во турските вооружени сили.
Налозите за апсење се издадени откако е откриено дека осомничените комуницирале со членовите на терористичката организација преку телефонски говорници.
Досега, полицијата приведе 52 осомничени лица во истовремени операции низ 33 области.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.