Merve Yıldızalp
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Вицепремиерот на Турција и гласноговорник на турската Влада, Бекир Боздаг, изјави дека должност на Владата на Израел е да ја почитува светоста на џамијата Ал Акса и нејзиниот историски статус, јавува Anadolu Agency (AA).
„Владата на Израел е должна да ја почитува светоста на џамијата Ал Акса и нејзиниот историски статус, како и да ја заштити таа нејзина светост и статусот. Освен тоа, тоа е и нивната правна обврска. Очекуваме од израелската Влада да ја заврши оваа обврска. Сакаме израелските власти да ги преземат потребните чекори за да ги отстранат детекторите за метал на влезовите на Ал-Акса, како и ограничувањата на муслиманите кои сакаат да одржат молитва. Тоа им го гарантираат верските слободи. Исто така, од Израел се бара повторно да ја врати вообичаената, исправна и рутинска практика којашто досега беше спроведувана, да постапува разумно за да се спречат понатамошни тензии“, рече Боздаг.