Hamdi Çelikbaş
29 Ноември 2019•Ажурирај: 30 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Службениот весник на Турција објави одлука за именувани нови амбасадори во 16 земји, информирајќи дека се повлекуваат 15 амбасадори. За нов амбасадор на Турција во Северна Македонија именуван е Хасан Мехмет Секизќок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според одлуката потпишана од страна на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во Турција се повлечени амбасадорите на Јордан, Гватемала, Туркменистан, Алжир, Шри Ланка, Белорусија, Естонија, Чад, Доминиканска Република, Чиле, Виетнам, Бангладеш, Казахстан, Гамбија и амбасадорката на Турција во Северна Македонија, Тулин Еркал Кара.
На испразнетите места се испраќаат нови амбасадори во Јордан, Гватемала, Туркменистан, Алжир, Шри Ланка, Белорусија, Естонија, Чад, Доминиканска Република, Чиле, Виетнам, Бангладеш, Казахстан, Гамбија, Габон, а за амбасадор на Турција во Северна Македонија е именуван Хасан Мехмет Секизќок.