Sertaç Bulur
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во акциите организирани во Турција во текот на минатата недела неутрализирани се 44 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека припадниците на безбедносните сили од 30 јули до 6 август организирале 2.451 акција низ целата земја.
Во акциите се приведени 3.407 лица, од кои 511 поради поврзаност со тероризам, 98 поради илегални миграции и 2.798 поради криумчарење и трговија со наркотични средства.
Поради помагање на терористите на ПКК приведени се 152 лица, 21 поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, четворица припадници на левичарски терористички организации и 334 осомничени во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО.
Во антитерористичките акции неутрализирани се 44 терористи. Од нив 25 терористи се убиени, десет се заробени, а 9 се предале.
Меѓу неутрализираните има и терористи што се наоѓаат на потерници.
Во акциите спроведени во Ерзурум, Хакќари и Адијаман, уништени се три засолништа, скривници и пештери, како и седум мини и други експлозивни средства.
Припадниците на безбедносните сили запленија 66 килограми материјал кој се користи при изработка на експлозиви, потоа 23 парчиња огнено оружје и 4.484 куршуми.
Запленети се и повеќе од 2 тони наркотици.
Во рамките на борбата против илегалните миграции, фатени се 3.006 непријавени мигранти, од кои 322 се фатени на море. Под сомневање дека организираат илегални преминувања на границата, приведени се 98 лица.