Beyza Binnur Dönmez
12 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турција ги пријави првите шест случаи на новата варијанта на коронавирусот Омикрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, ги потврди случаите за време на разговорите за буџетот во Парламентот, велејќи дека случаите се регистрирани во Истанбул и во западната област Измир.
„Тоа се амбулантски случаи кои немаат никакви проблеми и се со екстремно благи симптоми“, рече тој и додаде дека заразените лица не се хоспитализирани.
Коџа не даде повеќе детали за тоа како се заразиле со варијантата Омикрон.
Јужноафриканските научници на 24 ноември соопштија дека откриле нова варијанта на коронавирусот, што има неколку мутации.
Светската здравствена организација (СЗО) во средата соопшти дека варијантата Омикрон, што ја прогласи за „варијанта за загриженост“, досега е детектирана во 57 земји, а секојдневно сè повеќе земји пријавуваат случаи на Омикрон.