İbrahim Yaldız
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
МУШ (АА) - Во турскиот град, Муш, се преврте еден патнички автобус, при што според првичните сознанија загинаа најмалку шест лица, додека 29 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, патничкиот автобус излезе од пат и се преврте во близина на местото Гедик на автопатот Муш-Бинѓол.
Според првичните сознанија, најмалку три лица смртно страдаа, а голем број лица се повредени.
На местото на настанот се пренесени голем број амбулантни возила, како и тимови на јандармерија и Претседателтството за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД).
Повредните се пренесени во болниците во Муш и Бинѓол.
Гувернерот на Муш, Азиз Јилдирим, ги посети повредените во оваа болница, кој во изјава за медиумите информираше дека според првичните сознанија шест лица го загубија својот живот во несреќата, додека 29 се повредени.
Јилдирим упати сочуство до блиските на загинатите, и посака брзо заздравување на повредените.