АНКАРА
- Сефа ШАХИН
Турските хуманитарни организации, покрај изградбата на духовни мостови меѓу народите, ги пренесуваат и помошта и сочувството на турскиот народ кон сиромашните и на оние на кои таа им е најпотреба во секој дел од светот.
По повод „19. август, светскиот Ден на хуманитарната помош“, новинар на АА ги спореди објавените податоци, според кои Турција е носител на титулата „најдарежлива земја во светот“, станувајќи надеж за луѓето во угнетуваните региони.
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), турската Црвена полумесечина и Управата за верски работи на Република Турција испорачуваат помош во форма на пакети со храна, вода, средства за хигиена, контејнери за згрижување и медицинска помош за оние кои се погодени од земјотрес, поплава, суша, глад, пожар и земји со внатрешни превривања.
Турските хуманитарни организации и во месецот Рамазан, месецот на мир и просперитет, и за време на Курбан бајрам, на голем број места во Турција и во светот, организираа помош за лицата што се наоѓаат во угнетуваните региони.
Турција беше и една од првите земји кои му прижија помош на Либан по експлозијата што се случи во главниот град Бејрут.
АФАД во последните 10 години спроведе хуманитарна помош и операции за пребарување и спасување во 58 земји на 5 континенти.
Пренесувајќи го сочувството на Турција кон целото човештво со своите активности за помош по земјотреси, хуманитарни кризи, епидемии, евакуација на турски и странски државјани, трансфери на болни и ранети, АФАД во 2019 година им подаде рака на 10 земји кои упатија повик за помош.
Во рамките на операциите за обезбедување храна, засолниште и здравство на оние кои минатата година беа погодени од поплавите во Мозамбик, Иран и Ирак, од земјотресот во Албанија, хуманитарните кризи во Јемен, Аракан и Сирија, АФАД испорача помош во висина од 86,2 милиони долари, притоа не пресметувајќи ги операциските и логистичките трошоци.
АФАД покрај хуманитарната помош и активностите на полето на едукацијата, пружи и здравствени услуги во регионот на „Извор на мирот“ во Сирија кој е расчистен од терористите.
Турската Црвена полумесечина, која продолжува со своите активности низ целиот свет, во 2019 година достави помош до 7.900.000 луѓе во 71 земја.
Турската Црвена полумесечина преку свои 17 постојани делегации во странство, спроведува активности за обезбедување помош со цел сиромашните да можат да опстанат во живот. Во тие рамки, како дел од проектот „Доброволно враќање“, во Авганистан на десетици семејства им е укажана помош во отворањето на работни места, а на осуденичките во женски затвор во Могадишу обезбедена име обука за шиење.
Турската Црвена полумесечина во здравствени центри што ги има основано во Бангладеш секојдневно третира околу 200 луѓе. Формира логистички центри во странство за да ги олесни реакциите при катастрофи.
Турската Црвена полумесечина, по Бугарија и Ирак продолжува со своите напори за изграба на „Регионален центар за одговор при катастрофи“ и во Грузија, имајќи за цел до крајот на 2020 година да допре до 8 милиони луѓе во 80 земји од светот.
Со слоганот „Добрина во светот сè додека не се постигне сувереност“ Управата за верски работи на Турција забрзано се труди да им помогне на угнетуваните и жртвите и да им достави итна хуманитарна помош на лицата во кризните подрачја, продолжувајќи со своите активности во 149 земји од светот, првенствено во Турција.
Во рамките на своите активности за давање помош на оние на кои таа им е најпотребна во храна, средства за хигиена, облека, школски прибор, дупчење на бунари за вода, топла храна, дистрибуција на леб, пелени, играчки, засолништа, помош за време на рамазан и за курбан, Управата за верски работи на Турција до денес во Сирија достави помош во висина од 300 милиони турски лири, 39.600.000 во Аракан, 37. 200.000 до Јемен и 5,5 милиони турски лири до Индонезија и 4.800.000 долари во Судан и 32.300.000 долари во Палестина.
Освен тоа, по Курбан бајрам, благодарение на волонтерите на фондацијата во Либан, Управата за верски работи на Турција стана првата невладина организација која по експлозијата што се случи во главниот град Бејрут стапи во акција за давање помош.
news_share_descriptionsubscription_contact
