Mehmet Yavaş,Burak Akay
24 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, кое се наоѓа во турскиот град Чанаккале, се фатени 93 илегални мигранти кои се обиделе на нелегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Жандармериската команда во Ајваџик извршиле операција во крајбрежното подрачје во селото Коруоба, во чии рамки фатиле 93 илегални мигранти, меѓу кои и деца и жени, кои се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.
Мигрантите се донесени во Жандармериската команда во Ајваџик, додека за понатамошни процедури ќе бидат пренесени во Центарот за враќање странци во Ајваџик.