Diyar Güldoğan
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турската Управа за развој и домување гради три градови-контејнери за сириските бегалци во југоисточните покраини Хатај и Кахраманмараш, изјави денес шефот на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги градиме најголемите привремени центри за сместување во светот”, соопшти челникот на TOKI, Ергун Туран.
Туран рече дека трите контејнерски градови ќе имаат капацитет за вдомување на околу 40.000 Сиријци.
„Ги градиме најголемите привремени центри за сместување со нашите искрени залагања за оние кои бегаат од насилствата. Ние ќе продолжиме да градиме и понатаму”, рече Туран.
Тој додаде дека сместувачките капацитети ќе вклучат центри, спортски објекти, училишта, центри за рехабилитација и џамии.
Турција згрижи најолем број сириски бегалци во светот, над 2,5 милиони.
Според Органот за управување со кризи и катастрофи (AFAD) во Турција живеат точно 2.748.558 Сиријци, рече Туран.
Според АФАД, помошта што Турција ја обезбедува за сириските бегалци се проценува на скоро 9 милијарди долари, сума која е 20 пати поголема од помошта обезбедена од меѓународните организации.
Сирија се наоѓа во сурова граѓанска војна уште од 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад реагираше со неочекувано насилство врз тогашните про-демократски протести.