Meltem Bulur
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу организираше информативна прес-конференција во врска со актуелната состојба во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу истакна дека евакуацијата на цивилите од Алепо сѐ уште не е завршена и дека голем број луѓе, цивили, сакаат да си заминат од градот.
Тој зборуваше во врска со состанокот во главниот град на Казахстан, Астана, меѓу Русија и Турција, со цел да се изнајде решение за граѓанската војна во Сирија. Во врска со тоа Чавушоглу рече дека на оваа тема претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин реализирале телефонски разговор.
„Во телефонскиот разговор нашиот претседател на Путин му предложи: ‘По целосното примирје, корисно е опозициските групи со претставниците на режимот да се сретнат во некоја трета земја’. Во медиумите тоа беше претставено како да ќе се одржи средба меѓу двајцата претседатели, што е погрешно“, рече Чавушоглу.
- Нашиот став е јасен
„Во некои шиитски или сунитски села претходно беше заемно договорено да се напуштат селата или да се достави хуманитарна помош. Овој договор беше заемен, и за шитските и за сунитските села. Но ситуацијата во Алепо е различна. Сметам дека е потребно да се спроведат овие договори, без разлика дали се шиитски или сунитски села. Фуа и Кефреја се шитски села. Од друга страна, Зебедани и Мадаја се сунитски села. Сите се под опсада. Во овие четири села живеат луѓе што се под опсада и кои треба да се спасат без да се прави разлика. Нашиот став е јасен по ова прашање“, рече Чавушоглу во врска со некои села каде што живеат луѓе од различни секти.