ЗАДАР (AA) - ЕМРЕ БАШТУГ-
Во Хрватска, имиња на две соседни села кои во својот назив го содржат и зборот „ислам“, чие цело население се состои од христијани, се единствените две места во Европа, во чие име се употребува терминот „ислам“, пишува Anadolu Agency (AA).
Населението на селата Ислам Латински и Ислам Грчки што припаѓаат на градот Задар, се состои целосно од православни христијани и католици. Селата го задржаа името „Ислам“ подолго од четири века и ова наследство од османлискиот период продолжува да живее во средината на Европа.
Се смета дека овие две села, кои меѓусебе се оддалечени само три километри, се единствените две места во Европа, кои во својот назив го содржат зборот „ислам“.
Денес во Ислам Латински каде живеат 280 христијани, постои руинирана џамија и тишина преовладува на улиците, а во Ислам Грчки има 200 луѓе, од кои повеќето се православни.

Судбината на регионот, која се наоѓа на околу 20 километри од хрватскиот град Задар на Јадранското Море, се менува со османлиската управа во 1547 година, а оваа област, која беше еден од пограничните региони на Османлиската држава на Запад, се нарекува „Саддислам“. Во тоа време, поголемиот дел од населението на регионот се состоело од муслиманите, но со доаѓањето на Венецијанците во 1647 година се христијанизира.
На почетокот на 18-от век, регионот поради споровите на католиците и православните, се дели на два дела како „Ислам Латински“ и „Ислам Грчки“. Католиците додаваат „Латин“ на своите села, додека православните додаваат „Грчки“ , но зборот „ислам“ е зачуван иако во регионот нема муслимани
Ривалството меѓу католиците и православните и доминирањето на различните држави во регионот се прикажани како главни причини да се зачува името „ислам“.
- Сакаа да го променат имеето, но луѓето не го прифатиле
Хрватскиот историчар Дамир Магас, кој во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за овие села, рече дека границата на Венецијанците започнува по неколку километри по границата на Саддислам, наведувајќи дека регионот станал посилен и поголем по доаѓањето на Османлиите.
„Во тоа време, поголемиот дел од населението биле муслиманите, но имало и одреден број на православни и католици“ истакнува Магас. Исто така, наведува дека има малку жители, бидејќи селата се наоѓаат на пограничен регион.
По заминувањето на Османлиите, Магас објаснува дека муслиманите мигрирале од регионот и дека католиците и православните биле донесени од внатрешните делови на земјата.
Магас истакна дека во минатото, неколку луѓе барале да бидат променети имињата на селата Ислам Латински и Ислам Грчки.

„Тие сакаа да им дадат име од пред Османлиите, но луѓето не го прифатија тоа. Луѓето не сакаат да ги менуваат работите што постојат со години“, раскажа тој.
Магас наведе дека името „ислам“ е показател на толеранцијата во регионот.
- Постојат турски куќи и месџид
Марко Вањак (60), кој живее во селото Ислам Грчки, посочува дека старите им кажале дека куќите во селото се „турски куќи“ и дека таму живееле Турци. Исто така во селото постојат гробишта од Турците без надгробни споменици.
Вањак раскажува дека неговата куќа била користена како месџид (просторија за клањање).
„Ова куќа што ја гледате, е куќа во која бев јас роден и е стара околу 500 години, а беше користена како месџид. Имаше и гостинска соба покрај месџидот“, раскажува овој жител на селото Ислам Грчки.
- Жителите се иселија за време на хрватско-српскиот конфликт
Вањак изрази жалење поради обидот да го сменат името на селата од страна на оние кои не сакаа да ја прифатат употребата на зборот „ислам“.
„Јас сум роден тука, ова е името на моето село. Не претставува никаков проблем што постои 'ислам' во името на селото“, смета Вањак.
Тој истакна дека односите меѓу двете села варираат во зависност од тоа кој управува со нив, нагласувајќи дека односите се генерално добри.
Во селото порано живееле 500 луѓе, но по конфликтот меѓу Хрватите и Србите во процесот на распаѓањето на Југославија останале само 200 луѓе, и повеќето од жителите се стари.
Среќко Сален (68), од селото Ислам Латински, рече дека е роден и израснат во ова село и дека неговото семејство се преселило тука од Дубровник откако Османлиите ја напуштиле областа.
Опишувајќи дека поголемиот дел од селото го сочинуваат католици, Сален додава дека во последната битка многу луѓе се преселиле на други места и дека селото денеска е тивко.