Bekim Laci
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис кој престојува за посета во Скопје оствари средба со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој на заедничката прес-конференција изрази загриженост за ситуацијата со поплавите во Грција, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите во поплавите, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата, премеирот Заев истакна дека со гградоначалникот на Солун разговарале околу прашањата од заеднички интерес, особено за прашањата кои ќе ги зближуваат граѓаните на Македонија и Грција.
Како што рече премиерот Заев, тие се согласиле дека е важен секој придонес кој создава доверлив амбиент во унапредување на дијалогот меѓу Македонија и Грција. Укажувајќи на важноста на прекуграничната соработка Заев рече дека таа иницира соработката во областа на турзимот, бизнисот и културата кои можат да играат многу важна улога во зголемување на довербата меѓу двете земји.
Заев вели рече дека е информиран за динамиката на соработката на локално ниво за која се дискутирало во средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис минатиот месец во Солун каде се разговарало за конкретни теми за формирање на работна група која ќе вклучува повеќе општини од двете земји за проекти за соработка со фондовите на ЕУ.
„Денеска само ја потврдивме и ја отворивме оваа иницијатива за соработката меѓу двете земји. Кај нас неодамна завршија локалните избори со избор на нови градоначалници и совети. Сигурен сум дека дел од своите капацитети општините ќе го стават во функција со локалните власти во соседните земји особено со општините во Грција. Во мое име како премиер и во името на Владата на Република Македонија подготвени сме да дадеме целосна поддршка на сите позитивни и прогресивни иницијативи и проекти кои ќе произлезат од потенцијалите за договори за конкретна соработка“, изјави Заев, кој во име на Владата вети целосна поддршка за спроведување на формите на соработка.
Градоначалникот на Солун, Бутарис, нагласи дека како градоначалник не преферира да коментира политички прашања, сепак, рече дека соработката на локаните самоуправи е една добра иницијатива која ќе придонесе за меѓудржавна соработка.
Бутарис рече дека го информирал премиерот Заев за разговорот што го имал со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во врска со проектот на каналот Вардар-Дунав кој е важен за двата градови, за Солун и Скопје, и за низа други прашања во области како културата, екологијата и образованието во кои може да има соработка.
„Ќе работиме на систематски начин со работните групи кои ќе ги формираме со Скопје и другите градови кои ќе се поврзуваат со Солун, бидејќи како град ние имаме силна волја за подоборување на односите меѓу нашите народи“, рече Бутарис.
Според него овој пристап ќе ги сруши сите бариери кои постојат, и додаде дека ќе инсистира за наредната средба на премиерите на Грција и Македонија да се реализира во Солун.
Едно од прашањата за кои беше постигната согласност на средбата е иницијативата на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов за регата на реката Вардар наместо да завршува на границата, да продолжи до Солун и тоа следната пролет. Меѓу другото, на средбата се дискутирало за организирање на музички фестивал кој ќе се одржи во Скопје и Солун, на кој ќе бидат поканети и другите главни градови на земјите од регионот.