Vesna Besic
01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
САРАЕВО (АА) - Во објект во градот Посушје пронајдени се повеќе починати лица, јавува Агенција Анадолија (АА
„Полицискиот оддел во Посушје околу 10 часот добил пријава дека во местото Трибистово биле пронајдени мртви повеќе лица“, потврди за Агенција Анадолија Мартина Медиќ, портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон во Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Како што рече, полициските службеници се на терен и во моментов немаат повеќе информации.
По завршувањето на увидот ќе има повеќе информации.
Неофицијално, биле пронајдени 8 млади луѓе. Телата биле пронајдени во викенд-куќа, а според првите информации, тие се задушиле со гас.