Gorana Jakovljevic
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
БАЊА ЛУКА (АА) - Во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука денес заседаваше конзилиумот на лекари кој ја разгледаа здравствената состојба на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Забележано е дека има отежнато дишење и болки во пределот на желудникот. Дијагностицирана е билатерална пневмонија, а третиот тест за новиот вид коронавирус е позитивен“, соопштија од Универзитетскиот клинички центар.
Од оваа установа наведуваат и дека здравствената состојба на Додик е стабилна, дека се чувствува добро и прима соодветна терапија.
„Конзилиумот продолжува да ја следи неговата здравствена состојба“, Истакнуваат од Клиничкиот центар.
Додик е хоспитализиран во Универзитетската клиничка болница на Република Српска во неделата вечер.