Zylfije Adem Jakupi
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во последните 24 часа како последица на Ковид-19 во Косово починаа пет лица, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 169, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се регистрирани 237 нови случаи на коронавирусот од 555 тестирани примероци. Најголем дел од новозаразените се од Приштина, каде се потврдени 71 случај.
Излекувани се 139 пациенти, додека до денес вкупниот број на излекувани изнесува 3.753.
Вкупниот број на позитивни случаи во Косово од почетокот на епидемијата е 6.917 од 33.844 тестирани примероци, додека бројот на активни случаи е 2.955.