Andelija Stojkovic
10 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Косово не успеало во Европска мрежа на оперативен систем за пренос на електрична енергија (ENTSO-E) да ја преземе електропреносната мрежа која ја контролира Електромрежа Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние успеавме, една мала победа, ги победивме во ENTSO на гласањето, благодарен сум му на Виктор Орбан, Унгарија гласаше против, како и Романија, Бугарија, Грција, БиХ, а Македонија и Црна Гора беа воздржани, тие не успеаја во Енергетската агенција да го направат она што го планираа“, рече Вучиќ.
Вучиќ во четвртокот рече дека Србија, со губењето на електропреносната мрежа, би ги загубила далноводите кон Македонија, Албанија и Црна Гора.
Тој додаде и дека Србија до последен момент ќе се бори Косово да не стане членка на Интерпол.