Furkan Naci Top
05 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
АТИНА (АА) - Судот во Грција го отфрли барањето на Турција за екстрадиција на тројца од вкупно осумте турски војници кои по неуспешниот обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО побегнаа во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатите на одбраната и тројцата избегани пучисти денес се појавија пред Апелациониот суд во Атина.
Судот донесе одлука во која се наведува дека тројцата војници нема да бидат испорачани во Турција, бидејќи во тој случај наводно ќе бидат загрозени нивните животи.
Судот за останатите случаи на пребеганите осомничени за учество во обидот за пуч ќе се изјасни утре.
Откако припадниците на турската војска, членови на терористичката организација ФЕТО, на 15. јули оваа година не успеаја да извршат воен удар во Турција, осуммина пучисти со хеликоптер на оружените сили избегаа во Грција. Турција побара нивно испорачување.