Senada ibraimova
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ заедно со поддржувачите, кои протестираат против платформата на албанските партии во Македонија, вечерва повторно се собраа пред Владата, од кадешто маршираа до Собранието, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестирачите и верчерва маршираа од Владата, поминувајќи од Народната канцларија на претседателот Ѓорге Иванов, од кадешто се упатија кон Собранието.
Дел од организаторите и поддржувачите на овој протест пред Собранието повторно одржаа говори во кои ги упатија своите барања, односно како што велат, да се стави крај на оваа платформа, дека се против бинационална држава, дека се за мултиетничка Македонија и дека се против двојазичност во државата.
Исто така, повторно нагласија дека „никој не смее да се меша во државните работи на Македонија."
Тие и вечерва истакнаа дека нема да престанат да се собираат и протестираат се’ додека не им се исполнат барањата.
Луѓето кои маршираа, носеа транспаренти и македонски знамиња, а по упатените пораки пред Собранието, толпата мирно се раздели.
Протести, освен во Скопје, се одржуваат и во други градови во државата.