Furkan Abdula
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе одржи дигитална комеморативна програма по повод смртта на Фахри Каја, еден од истакнатите личности во турската литература на Балканот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на институтот, поради заштитните мерки преземени против ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), комеморативната програма по повод смртта на Каја ќе се одржи преку дигитална платформа.
Во соопштението се информира дека во програмата ќе земе учество и претседателот на Големото народно собрание на Турција, проф. д-р Мустафа Шентоп.
Се нагласува дека комеморативната програма ќе биде емитувана во живо на профилите на социјалните мрежи на Институтот „Јунус Емре“ од Скопје.
Според соопштеното, програмата ќе се одржи на 1 април 2020 година во 10:00 часот.
Фахри Каја, роден во 1930 година во Куманово, почина на 23 март 2020 година.
Тој е поет, раскажувач, литературен критичар, антологичар, новинар и преведувач.
Неговите литературни творби се на турски јазик, а дел од нив се преведени и на македонски јазик.