Agim Sulaj
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште четири лица се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на заразени во земјата се искачи на 28 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека денес биле тестирани 30 сомнителни случаи, од кои четворица биле позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени лица од овој вирус во земјата се искачи на 28.
Инаку, во Косово вкупно се тестирани 447 сомнителни случаи.