Zylfije Adem Jakupi
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово тестирани се 4.388 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 709 се позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа починале уште 8 лица од последици на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 1.731.
Од почетокот на епидемијата на новиот тип на коронавирус во земјата се тестирани 366.574 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 79.089 биле позитивни.
Последните 24 часа оздравеа 385 лица претходно заразени со коронавирусот, вкупно досега регистрирани се 65.979 оздравени лица.
Во моментов во Косово има 11.379 активни случаи на Ковид-19.