Sibel Vezaj
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ПРИШТИНА (АА) - Косово не успеа да ги добие потребните гласови за да се зачлени во Меѓународната криминалистичка полициска организација (Интерпол), јавува Anadolu Agency (AA).
На 87. Генерално собрание на Интерпол, кое се одржува од 18 ноември во Дубаи, денеска беше реализирано гласањето во врска со членството на Косово во оваа организација.
Во првиот круг на гласање гласаа 154 земји, од кои 76 се изјаснија „за“, 56 „против“, додека 22 земји беа воздржани.
Меѓу другото, ниту во вториот круг Косово не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство гласови од присутните земји.
Косово, претходно, за зачленување во Интерпол аплицираше уште трипати, во 2010, 2015 и во 2017 година.
Генералното собрание на Интерпол ќе продолжи и утре, на коешто главна точна на дневниот ред ќе биде избор на претседател на оваа организација.