Agim Sulaj
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 11 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.173, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 202 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 105.188.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 2.810 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 533.764 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 94.174 лица. Во моментов во земјата има 8.841 активен случај.