Agim Sulaj
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 6 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.674, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 529 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 74.748, вклучувајќи ги и 140 позитивни случаи тестирани од 27 февруари до 7 март во две приватни лаборатории во земјата.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.888 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 341.443 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 62.983 лица. Во моментов во земјата има 10.091 активен случај.