Agim Sulaj
28 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 8 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.947, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 68 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 159.961.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 4.320 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.192.290 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 153.672 лица. Во моментов во земјата има 3.342 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.299.482 дози од вакцините против Ковид-19.