Abdula Berisha
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Панче Тошковски, го пречека својот косовски колега Џелал Свечла, кој престојува во официјална работна посета во Скопје, јавува Анадолу.
По свечениот пречек двајцата министри одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше и работен состанок меѓу делегациите.
На заедничката прес-конференција министерот Тошковски истакна дека имал извонредна средба на која била констатирана одличната соработка.
„Констатиравме одлична соработка досега, а се надевам дека понатаму и ќе ја подобриме и ќе ја фокусираме, сѐ со цел да имаме побезбеден регион, сѐ со цел да имаме вистинска борба против организираниот криминал и сѐ со цел да имаме поефикасен и побрз трансфер на луѓе и економски стоки во рамките на граничните премини што ги имаме“, рече Тошковски.
Тој додаде дека се разговарало и за поставување на системот „One stop shop” и поголема дигитализација за колку што е можно побрзо користење на граничните премини.
Министерот Свечла истакна дека имал исклучително плодна средба со својот македонски колега, изразувајќи подготвеност „одличната соработка“ уште повеќе да се продлабочи.
„Ако двајцата министри и двете влади се обврзаа на нулта толеранција за криминалот, тоа значи наша посветеност на нашите граѓани, но и на земјите со кои имаме одлични односи, дека ќе работиме што поблиску оваа цел а биде исполнета заеднички од сите“, истакна Свечла.
Тој, исто така, додаде дека во интерес на граѓаните на двете земји е полесно да се минува низ граничните премини.