Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АТИНА (АА) - Денес грчката полиција соопшти дека ја уапсила Пола Рупа, водечки член на крајно левичарската група на Револуционерната борба, која повеќе од четири години поминала во бегство откако ѝ се судеше за тероризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на грчката полиција се наведува дека 48-годишната Пола Рупа е уапсена рано утринава во Атина. Полицијата исто така ја уапси и 25-годишната гркинка во чиј стан е пронајдена Рупа.
Рупа беше прогласена за виновна во отсуство, заради учество во анархистичката група Револуционерна борба. Поради доцнење во судските постапки, таа во истражниот затвор помина 18 месеци, што е максимум според грчкиот закон, така што беше ослободена под услов редовно да се пријавува во полициска станица.
Меѓутоа, во 2012 година таа побегна заедно со својот партнер, Никос Мазиотис, кој исто така е осомничен за учество во терористички активности. Мазиотис е повторно уапсен во 2014 година.
Во нападите на Револуционерната борба, меѓу кои и ракетниот напад на амбасадата на САД во Атина, досега немаше човеки жртви.