Adel Ömeragiç
18 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ТИВАТ (AA) - Пожарите кои зафатија повеќе црногорски градови активни беа во текот на ноќта. Најтешка ситуација беше во Тват, каде пожарникарите се бореа со огнената стихија во населбите Луштица и Бигова. Министерството за внатрешни работи преку Механизмот на цивилната заштита на Европската унија упати барање за меѓународна помош во гасењето на пожарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 150 пожарникари беа дежурни во текот на ноќта во повеќе тиватски населби, борејќи се со огнената стихија во овој град. На пожарникарите им се придружија и 30 војници на Црна Гора, а исто така, помош даваа и голем број граѓани.
Во гасењето на пожарот учествуваат сите противпожарни екипи кои се помогнати од пожарникарите од останатите градови од Црна Гора. Од Директоратот за вонредни ситуации на МВР соопштено е дека е многу критично на тоа подрачје и ако ветерот продолжи да дува со ова темпо оганотт набргу ќе дојде до куќите.
Во Тиват во текот на вчерашниот ден од неколку населби се евакуирани повеќе стотици жители.
Освен во Тиват, пожари во текот на вчерашниот ден и синоќа беа активни на подрачјето на Цетиње, Херцег Нови и Подгорица. Во главниот град доцна синоќа пожарите изгувнаа кај техничките факултети и Толошка шума, но бргу беа локализирани.