Adel Ömeragiç
16 февруари 2016•Ажурирај: 17 февруари 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот парламент на утрешната седница ќе расправа за барањето за разрешување на министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ на 1-ви февруари до црногорскиот парламент поднесе предлог за разрешување на Kоњевиќ.
Црногорскиот премиер изјави дека Коњевиќ, откако Владата на Црна Гора од страна на Собранието на 27-ми јануари доби доверба, предложил да поднесе предлог за негово разрешување.
„Имајќи го предвид барањето на Коњевиќ, предлагам Собранието на Црна Гора да го разреши од функцијата како член на Владата и министер за внатрешни работи”, рече Ѓукановиќ во предлогот на претседателот на Собранието.
За разрешување на Коњевиќ во Собранието се потребни 41 глас.