Ekipa
30 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Поради последици од коронавирусот (Ковид-19) почина Зафер Вејсел, вработен во Агенција Анадолија (АА) во канцеларијата во Скопје, каде е седиштетото на Сервисот на АА на македонски и Сервисот на албански јазик.
Вејсел во АА беше вработен од 2015 година каде работеше како веб администратор.
Вејсел учествуваше и во создавањето на техничката инфраструктура на Сервисот на АА на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје.
Вработените на АА ќе го паметат како колегијална и професионална личност, која со својот работен ангажман даде голем придонес за АА.
Вејсел е македонски државјанин, роден на 24 август 1986 година во Истанбул, Турција.
АА изразува искрено сочувство до семејството на починатиот и до сите колеги.