Zülfiya Yakup
02 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ПРИШТИНА (АА) - Момче од српска националност по вербален и физички судир е избодено со нож од страна на непознато лице во близина на мостот на реката Ибар во Северна Митровица, а обвинителот за тешки кривична дела наложи да се отвори случај за кривично дело нанесување тешки телесни повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, остро го осуди нападот и прободувањето на момчето од српска националност на мостот на Ибар.
Портпаролот на Косовската полиција за регионот Север, поручникот Бранислав Радовиќ, за АА потврди дека синоќа во близина на главниот мост на Ибар во Северна Митровица е прободен со нож малолетен Србин од страна на непознато лице.
„На 1 септември околу 18 часот во улицата „Крал Петар“ дошло до вербален, а подоцна и до физички судир помеѓу Д.Б. и моментално непознато лице. Судирот продолжил на почетокот на главниот мост на реката Ибар, каде што најверојатно се размениле навреди, а и удари со раце, а во еден момент непознатото лице извлекол нож од појасот и ја прободел во стомак жртвата Д.Б. (2001) од Митровица, косовски Србин. Потоа осомничениот се оддалечил во правец на Јужна Митровица“, наведе Радовиќ.
Жртвата потоа е префрлена во Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица.
Веднаш по инцидентот реагираше вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, кој остро го осуди судирот и прободувањето на српското момче.
Вршителот на должноста премиер, Харадинај, ги повика органите на правосудството што поскоро да го расветлат случајот и извршителите да ја добијат заслужената казна.