Admir Fazlagic, Fatjon Cuka
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА (АА) - Главните градови во земјите од регионот и понатаму остануваат да бидат први според загадување на воздухот, а граѓаните на различни начини се обидуваат да се заштитат од бројните последици по нивното здравје, јавува Anadolu Agency (AA).
- Поради енормното загадување на воздухот Скопје повторно во фокусот на јавностa
Главниот град на Република Македонија овие денови е во фокусот на јавноста поради повеќегодишниот проблем - енормното загадување на воздухот, како и магливото време, кое го попречи нормалното функционирање на животот на граѓаните.
Загадениот воздух во Скопје ја попречува видливоста, а граѓаните на различни начини се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух.
Видливоста е значитело намала, а граѓаните со заштитни маски се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух и густата магла. Добар дел од нив, и покрај студеното време како превозно средсво ги користат своите велосипеди, за да придонесат за намалувањето на загаденоста.
Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Нивото на ПМ 10 честичките во изминатото деноноќие во Центар не се спуштило под 200 микрограми. Максималните вредности ги достигнало во текот на ноќта кога се измерени до 470 микрограми на метар кубен: Утрово последните мерења покажуваат концентрации од 277 микрограми.
Маглата во скопската котлина го попречува авиосообраќајот од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и ја намали видливоста поради што дојде до забавување на градскиот и приградскиот сообраќај.
Од изутрина, како и во текот на изминатата ноќ се откажани или пренасочени предвидените полетувања и слетувања од скопскиот аеродром.
Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – граничен премин Блаце и обиколницата околу Скопје.
- Препораки за надминување на проблемот
Коалицијата за чист воздух „О2" во неколку наврати предложи неколку мерки до надлежните институции со цел соодветно да се пристапи кон проблемот со загадениот воздух.Дел од мерките се мораториум во градежни активности посебно во месеците кога е најзагадено. Во делот на автомобилската индустрија и сообраќајот: за сите возила коишто се големи загадувачи да има мораториум да се спречи движење низ градот, а една од мерките во индустријата е да се направи ревизија и да се постават филтри во најжешките точки како што се: Тетово ,Битола Скопје.
- Тирана и понатаму останува најзагадениот град во Албанија
Загадувањето на воздухот и понатаму претставува проблем за многу градови во Албанија, особено за големите урбани центри. Во врска со контролата на квалитетот на воздухот, албанската Национална агенција за животна средина (АКМ) истакнува дека Тирана и понатаму останува најзагадениот град во земјата, потоа следуваат Фиер, Лушња и Лежа. Проблематично е присуството на PM10 честичките во воздухот.
Според извештајот на АКМ, оваа ситуација е резултат на високата урбанизација и загадувањето се должи на зголемувањето на бројот на автомобили што циркулираат на патот и индустриската активност.
Во врска со загадувањето на воздухот, врз основа на податоците од извештајот на АКМ, највисоките нивоа на PM10 се забележани во Тирана, каде што годишната стапка на ЕУ надминува 15% и 38% на две контролни места во главниот град на Албанија. На една од контролните станици за воздухот во Тирана покажува дека годишната вредност изнесува 55,25 микрограми за кубен метар.
Нивоата на PM10 се над стапка во сите градови, освен Скадар и Валона, каде што во последниве години тие се под нормалата на ЕУ.
Според билтенот на Институтот за јавно здравје на Албанија, објавен во 2017 година, главните извори на загадување на воздухот денес во Албанија се бројни, но специјалистите наведуваат некои причини, кои исто така ја носат главната тежина на нивото на загадување. Тука може да се наведат застарените возила и автомобилскиот сообраќај (лошите патишта). Исто така, градежништвото, бидејќи се градат објекти кои не ги исполнуваат критериумите за да се избегне загадувањето, индустријата за преработка на нафта, како и неконтролирано согорување на отпадот.