Bedrudin Brljavac
27 Мај 2023•Ажурирај: 27 Мај 2023
БЕЛГРАД (АА) - Актуелниот претседател на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, го предложи Милош Вучевиќ за нов лидер на партијата, јавува Анадолу.
Вучиќ на Собранието на СНС во Крагуевац изјави дека за претседател на партијата го предлага Вучевиќ.
„Што имам да ви кажам за нашиот Милош? Знам дека е со нас од почетокот, дека најдобро знае што е партијата, знам колку ја сака СНС, го познавав и татко му кој беше еден од најугледните адвокати, заедно со таткото на Маја Гојковиќ, во Нови Сад. Знам од колку добро семејство е, знам колку ѝ е лојален на СНС, но и на идејата за самостојна, независна и просперитетна Србија. Сигурен сум дека со моја и ваша поддршка ќе може да заврши одлична работа и да работи уште повеќе и уште понапорно“, рече Вучиќ.
Toj истакна дека многу ја сака СНС и дека никогаш нема да ја напушти партијата.
„Што и да правите јас секогаш ќе бидам со вас и покрај вас. Само мислам дека е потребен малку поинаков пристап за да се обединат поголем број сили на оние што сакаат да се изборат за победа на родољубива, успешна Србија, која ќе се грижи за своите граѓани“, рече Вучиќ, додавајќи дека е многу горд што сите овие години ја водел „најдобрата партија во земјата“.
Во Крагуевац денес се одржува шестото Собрание на СНС.